Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015,129/2015 ,27/2016,120/2018,110/2019), член 82 и 85 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ бр.161/2019), член 3, член 4, член 9, член 10, член 11 и член 12 од Законот за наставници и стручни соработници во основните училишта (Службен весник на РСМ бр.161/2019), врз основа на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ „Марко Цепенков“ – Зелениково бр.01-170/3 од 13.10.2015 година, како и врз основа на Согласност од Министерството за Образование и наука на РСМ бр.12-745/2 од 02.02.2022 година бр.12-747/2 од 02.02.2022, и врз основа на Одлуката донесена од страна на В.Д.Директорот на ООУ “Марко Цепенков” – Зелениково, се  распишува:


ЈАВЕН ОГЛАС

 

За вработување на следниве лица  на определено работно време  најмногу до крајот на учебната 2021/2022 година, за пополнување на следниве  работни  места:

  1. Еден (1) наставник по албански јазик и вештини на живеење во ПУс.Смесница и ПУ с.Стархојадица на албански наставен јазик  со 10 наставни (20 работни) часа неделно,  и основна нето плата од 380,00 денари.
  2. Еден (1) наставник по ликовно образование и проекти од ликовна уметност во ПУ с.Стархојадица на албански наставен јазик  со 3 наставни (6 работни) часа неделно,  и основна нето плата од 714,00 денари
  3. Еден (1) наставник по физичко образование во ПУ с.Стархојадица на албански наставен јазик  со 3 наставни (6 работни) часа неделно,  и основна нето плата од 714,00 денари
  4. Еден (1) наставник по класична култура во европската цивилизација во ПУ с.Стархојадица на албански наставен јазик  со 2 наставни (4 работни) часа неделно,  и основна нето плата од 476,00 денари
  5. Еден (1) наставник по  проекти од музичка уметност во ПУ с.Стархојадица на албански наставен јазик  со 2 наставни (4 работни) часа неделно,  и основна нето плата од 476,00 денари
  6. Еден (1) стручен соработник -педагог во Централното училиште по основ на замена со 40 работни часа неделно , и основна нето плата од 24.761,00 денари.

УСЛОВИ: Кандидатите за наставен кадар и стручен соработник , покрај општите услови утврдени со Закон за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.167/15, 27/16 и 120/18), треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во член 3 и член 39 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта (Сл.весник на РСМ бр. 161 од 05.08.2019 година) и условите наведени во Правилникот за систематизација на работните места во ООУ “Марко Цепенков” – Зелениково:

-да е државјанин на Република Северна Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравстевна способност за работното место

-со правосилна судска одлука да не му е изречена казна забрана за вршење професија , дејност или должност.

-да има завршено најмалку четири години соодветно високо образование согласно нормативнот за наставен кадар утврден во наставната програма и се има стекнато со најмалку 240 ЕКТС. Квалификациите со кои се стекнуваат наставниците за професијата наставник во основно припаѓаат на VI A ниво од Македонската рамка на квалификации и соодветствуваат на ниво VI од Европската рамка на високообразовни квалификации.

-Видот на стручната подготовка на стручните соработници во основно односно средно образование е определен со Нормативот за стручни соработници во основно образование ,има завршено најмалку четири години соодветно високо образование и се има стекнато со најмалку 240 ЕКТС,

-да има положено стручен испит по истекот на приправничкиот стаж.

-да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот и писмото на кој ке ја изведува наставата.

-Заинтересираните кандидати треба да достават:

-пријава во хартиена форма која треба да содржи податоци за кандидатот, кратка биографија (CV), со задолжително наведени контакт телефон и адреса.

-уверение за државјанство на РСМ

-доказ за завршено соодветно образование

-кандидатите за наставен кадар треба да го познаваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот и писмото на кој ќе ја изведува наставата (за што ќе се врши проверка од Комисија во самото училиште и интервју).

-доказ за положен стручен испит.

Работното време за наставниот кадар и стручните соработници е од понеделник до петок.

Работниците имаат право на дневен, неделен и годишен одмор согласно со ЗРО.

-Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.Рокот за пријавување изнесува 3 (три) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.

-Пријавите со потребните документи (оргинал или копија заверена на нотар) како и докази за исполнување на условите, да се достават во писмена форма дирекно на архивата на ООУ ”Марко Цепенков”-Зелениково на ул.1 бр.6 ст.Зелениково, во работни денови во период од 8:00 до 13:00 часот.

Телефон за контакт: 022717410

ПРАВНА ПОУКА: Неуредните, некомплетните и ненавремените пријави и документи нема да се разгледуваат.

 

                              В.Д.Директор

 

                            Љупка Стојановска