OOУ ,,Марко Цепенков” –Зелениково

објавува

Конкурс за избор на првенец

на генерација за IX одд.

Комисијата за пофалби, награди и педагошки мерки на учениците во ООУ,,Марко Цепенков” – Зелениково  врз основа на член 75(3) од Законот на основно образование (службен весник на РСМ бр.161 од 5.8.2019 год. и одредбите на Правилникот за пофалби награди и педагошки мерки за учениците во основното училиште ќе спроведе постапка и ќе изврши  избор на првенец на генерација за IX oдд. според чл.12 од Правилникот за изрекување на пофалби,награди и педагошки мерки на учениците во ООУ,,Марко Цепенков” – Зелениково на крајот од учебната 2020/21 год.

Член 12

Учениците-кандидати за првенец на генерација се бодираат по следниве критериуми :

-континуирано одличен успех- 5.00  -5 бода

-освоени награди на меѓународно ниво  – 1 место-9, 2 место-8, 3 место-7, учество- 6 бода

– освоени награди на државно ниво –  1 место-5, 2 место-4, 3 место-3, учество- 2 бода

– освоени награди на регионално ниво –  1 место-4, 2 место-3, 3 место-2, учество- 1 бода

– освоени награди на општински ниво-2 бода за освоена награда, 1 бод за учество

– добиени награди, пофалници, благодарници за учество на училишно ниво -1 бод

–  за сите учества во вонучилишни активности, клубови, организации-2 бода

Комисија во состав:

Љупка Стојаноска-претседател на комисијата

Игор Велков –член

Биљана Митаноска –член

Оливера Чевреска Петровска-член

Напомена согласно член 75(3)  од Законот на основно образование (службен весник на РСМ бр.161 од 5.8.2019 год.) училиштето може да издаде диплома на првенец на генерација најмногу на тројца ученици.

Учениците кои ќе конкурираат за избор на првенец на генерација доказите од пофалниците за успех и поведение, благодарници , дипломи од освоени награди на натпревари   во електронска форма да ги испратат до класните раководители.

Комисијата  по прибирање на потребните информации, ќе се состане во временски период меѓу одд.совет и наставничкиот совет за деветто одд. и ќе изврши избор.

Со почит,

Мај 2021 год.

 Зелениково                                                                                         Директор

                                                                                                   Валентина Димишковска