КРЕАТИВНА ИЗЛОЖБА

По повод празникот на љубовта Свети Валентин и празникот на виното Свети Трифун , Ученичкиот парламент организира креативна изложба .  Најголемо учество земаат учениците од  III одд. благодарение  на одговорниот  и исполнителен претседател  на III одд.  Ивона Стојановска  и одделенскиот наставник Весна Стојковска  за поттикот , ангажираноста  и мотивираноста  на сите ученици  да ја изразат својата вештина и креативност во творење на тематски изработки.  Во продолжение можете да ги погледнете изработките.