Во рамките на своите редовни активности подмладокот на Црвен Крст од нашето училиште ја одбележа “Недела на солидарноста” од 19 до 25 Април со хуманитарна акција за собирање храна и хигиенски средства. Во акцијата освен учениците од централното училиште, активно се вклучија и учениците од ПОУ Орешани, како и вработените. Голема благодарност до сите ученици, родители и целиот персонал во ОУ ” Марко Цепенков” кои и во овие услови ја покажаа уште еднаш својата хуманост на дело. Целата собрана храна и хигиенски средства во присуство на претставници од Црвен Крст Кисела Вода беа донирани на социјално загрозени семејства од нашата Општина.