Здравјето на нашите ученици секогаш ни е приоритет. Овојпат посветивме внимание на оралната хигиена. По тој повод на 26.4. 2021 учениците од I одд го проследија предавањето за забоздравствена заштита. Предавањето го одржаа волонтерите од Црвен крст кои на крајот од предавањето на учениците им поделија четки за заби.