ВРШИ УПИС НА ПРВАЧИЊА

за учебната 2021/22г.

Почитувани родители/старатели

  Врз основа на Законот за основно образование  во прво одделение се запишуваат ученици кои на крајот на календарската 2021 година ќе наполнат 6 години односно ученици родени 2015/16 год.

   Децата родени до 31.01.2016 г. можат да бидат запишани, по
претходно барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагог или психолог во училиштето.

    -Уписот освен со физичко доставување на потребните документи, може да се реализира и  електронски на следнатаweb страна: uslugi.gov.mk ,или на markocepenkov@t.mk

    – Пријавата за упис  може да ја подигнете во училиштето или електронски од  web страната : uslugi.gov.mk

    -Пријавите да бидат пополнети и доставени  најдоцна до 17 мај , по  што ќе бидете телефонски известени за термин за тестирање на Вашето дете заклучно со 31.мај 2021 год.

                            Потребни документи за запишување:

1. Извод од матична книга на родените на ученикот копија;

2. Лична карта од родител – на увид;

3. Потврда за примени задолжителни вакцини;

( останува во училиштето  издадени   од надлежната здравствена установа)

4. Потврда од стоматолошки преглед;

( останува во училиштето – издадени од надлежната здравствена установа)

-Документите (потврда за задолжителни вакцини, стоматолошки  преглед) треба   да се издадени од надлежната здравствена установа;

5.Потврда за направен офтамолошки преглед (очен преглед)од надлежна здравствена установа.

-При запишување на детето со попреченост во прво одделение,родителот е должен да достави и мислење од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна,социјална и здравствена подршка според МКФ

-Документите треба да бидат доставени на денот на тестирањето на Вашето дете. -Дополнително ќе бидете известени телефонски за терминот на тестирање кој ќе се реализира во месец мај во согласност со препораките за заштита од COVID-19.

Директор

Валентина Димишковска