Работилница „Јас сум пријател, не насилник“ – пораки на добрина и почит
Во нашето училиште на 17.12.2025 год.беше реализирана работилница на тема „Јас сум пријател, не насилник“, наменета за ученици од училишен парламент, со цел развивање на емпатија, ненасилна комуникација и градење позитивни односи меѓу врсниците.
Преку интерактивни активности и разговор, учениците имаа можност да разговараат за тоа што значи да се биде добар пријател, како да се препознаат различните форми на насилство (вербално, физичко и дигитално) и како безбедно и одговорно да се реагира во ситуации на насилство.
Посебен акцент беше ставен на креативната активност – изработка на новогодишни честитки со пораки за пријателство и ненасилство. Учениците преку цртежи, бои и позитивни пораки ја изразија својата поддршка, почит и желба за подобри односи во училиштето.
Пораки како:
„Избирам да бидам добар, не силен.“
„Пријателството е подарок – насилството е рана.“
„Гласот на поддршка е погласен од навредата.“
ја исполнија училницата со чувство на заедништво и позитивна енергија.
Изработените честитки беа изложени на „Панелот на пријателството“, како потсетник дека секој ученик може да придонесе за безбедна, поддржувачка и пријателска училишна средина.
Со вакви активности, нашето училиште продолжува да ја негува културата на почит, разбирање и ненасилство.




















