Активности
Новогодишна работилница
Во нашето училиште се одржа новогодишна работлница. Галерија од фотографии можете да ја погледнете тука.
Светски ден на ретки болести
Денес, 28-ми февруари го одбележуваме светскиот ден на ретки болести и се приклучуваме кон глобалната иницијатива за подигнување на свеста за лицата со ретки болести.
Нашите ученици од прво и трето одделение заедно со нивните одделенски наставници Катерина Симоновска и Наташа Лазова Анчевска земаа активно учество за одбележување на овој ден преку работилници со свои изработки на постери,а истовремено се запознаа дека месец февруари како “редок” месец е одбран за подигнување на свеста за ретките болести
Честит 8 Март
Повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, нашето
училиште за прв пат организираше настан. Мала ликовна
работилница на тема „Мојата мајка – урбана жена на XXI – XXII
век“. На работилницата земаа учество учениците од прво па сè до
деветто одделение.
Учесниците беа наградени со благодарници и пофалници и
пригодни награди.
Со благодарница се наградени следниве ученици:
1. Бисера Трајковска I
2. Алма Лековиќ VI б
3. Евгенија Димишковска VI б
4. Бојана Јаневска VI a
5. Борјан Живковски VI a
6. Мила Ѓуровска VII а
7. Илхана Даздаревиќ VII б
8. Нина Маневска VII б
9. Димче Димовски VII б
10. Михаил Алексовски VII б
11. Калина Василевска VII б
Со пофалница и пригодни награди се наградени следниве ученици:
1. Марија Димовска VII б
2. Ивона Стојановска VII б
3. Ајлин Мемедова VII б
Мајката, урбаната жена треба да е секогаш на пиадесталот.
Големината на жената никогаш не треба да биде засенета или ставена на
помало рамниште со величество. Жената е мајка, домаќинка, сестра, жена,
сопруга, ќерка, таа е во секоја дејност, наставничка, учителка, инженерка,
директорка, докторка. Таа е муза, кралица секогаш достојна за најубав
збор и за подадена рака за поддршка за секоја нејзина идеја и за секој
нејзин чекор. Честит да е овој ден и секој ден треба да е ДЕН за паметење.
Меѓународен ден на математиката
По повод одбележувањето на 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст, членовите на организацијата на Црвен крст од нашето училиште под водство на одговорниот наставник Сања Кузмановска организираа приредба на која имаа рецитал и едукативно видео за раѓањето на идејата за Црвен крст и активностите кои ги има истиот, а целиот настан заврши со песната на ООЦК К.Вода. На настанот присуствуваше и секретарот на ООЦК К.Вода г-н Дејан Ѓорѓиевски
Во рамките на предвидените активности за работа на Oрганизацијата на Црвен крст при нашето училиште за оваа учебна година, членовите во периодот од 17.2.2025г. до 28.2.2025г. изработуваа мартинки. Изработените мартинки на 28.2.2025г. беа продавани по симболична цена од 10 ден. а собраните средства заедно со средствата од активноста за Св. Трифун и Св. Валентин ги искористивме за купување на производи кои ги дониравме во народната кујна на хуманитарната организација “Св. Спас“. Имено купивме 60 kg моркови, 5 kg грашок и 5 kg ѓувеч кои на 7.3.2025г. заедно со дел од членовите беа доставени на хуманитарната организација “Св. Спас“, а воедно истиот ден останавме да помогнеме во магацинот на хуманитарната организација при поделбата на хуманитарните пакети на семејствата од нивната програма. Одговорен наставник: Сања Кузмановска