Во пријатна и мотивирачка атмосфера на интегриран час по Музичко образование и Физичко и здравствено образование, реализиран со учениците од VI одделение децата учеа преку игра, движење и звук, покажувајќи креативност и енергија во духот на традицијата на народните ора и танци како искрено се ужива во наставниот процес.Часот беше осмислен како динамична и креативна целина во која музиката и движењето се споија во едно за да поттикнат радост, соработка и активна вклученост кај учениците. Преку ритам, музички израз и физичка активност, учениците ги развиваа своите моторни способности, чувството за ритам, тимскиот дух и свесноста за здравиот начин на живот.Простор исполнет со музика, детска смеа и движење, каде што секој ритам ја будеше радоста, а секое движење ја носеше слободата на детството. Учениците учеа со срце, не само со ум, поврзувајќи ја музиката со телото, емоцијата со движењето, знаењето со радоста.Интегрираниот пристап овозможи знаењата од двата предмета да се поврзат на природен и применлив начин, правејќи го учењето поинтересно и поефикасно.Фотографиите што следуваат го доловуваат токму тој дух, насмевки, движење, заедништво и љубов кон музиката и спортот. Ве покануваме да ѕирнете во овие моменти и да ја почувствувате атмосферата на еден час исполнет со ритам, движење и позитивна енергија.





