ООУ ,,Марко Цепенков “– Зелениково во учебната 2026/2027 год.
На први септември 2026 година, во ООУ „Марко Цепенков“ – Зелениково, беше одбележан првиот училишен ден и свечениот прием на учениците од прво одделение во учебната 2026/2027 година.За нашите најмали ученици беше организиран свечен прием во присуство на нивните родители/старатели и вработените во училиштето.
Свеченоста започна со поздравно обраќање на директорката на училиштето, Љупка Стојановска, која им посака добредојде на првачињата и нивните родители. Во своето обраќање таа им посака успешен почеток на нивното основно образование, многу знаење, дружење, радост и незаборавни училишни моменти.

По поздравното обраќање следуваше кратка пригодна приредба, подготвена со цел на најмладите ученици да им се приреди топло, весело и пријатно добредојде во училиштето.

Преку музички и сценски настапи беше создадена позитивна и свечена атмосфера.На првачињата им беше посакано училиштето да стане место каде што ќе се чувствуваат сигурно, прифатено и мотивирано да учат, истражуваат и стекнуваат нови пријателства.

Приемот помина во свечена, пријатна и позитивна атмосфера, со задоволство и радост кај учениците, родителите и вработените.
Со овој настан официјално започна нивното прво училишно патување, исполнето со нови знаења, искуства, дружење и личен развој.


