Денеска 9-мај 2025 година, нашето училиште зема активно учество во големата пролетна акција за чистење наречена “Генералка викенд”. Бирото за развој на образованието ја организира активноста Еко час. Целта на Еко часот е да ја поврземе практичната работа на терен со наставата, бидејќи веруваме дека грижата за животната средина се учи и преку настава и преку активно учество во акции за чистење, пошумување и зачувување на природата.
Во прилог следува дел од активностите на учениците преточени преку фотографии
I одд ЦОУ
ТЕМА:Човекот и човековото тело
СОДРЖИНА: Грижа за здравјето- Прочистување на вода



II одд ЦОУ
ТЕМА: Живите суштества и нивните живеалишта
СОДРЖИНА: Грижа за околината – Гасови



III одд ЦОУ
ТЕМА: Унапредување на здравјето
СОДРЖИНА: Здраво живеење – Спанаќ



IV одд ЦОУ
ТЕМА: Физички карактеристики на Земјата
СОДРЖИНА: Природни богатства и нивна заштита – Видови почви



V одд. ЦОУ
ТЕМА: Живите организми и животната средина
СОДРЖИНА: Влијанието на човекот врз животната средина – Пожар



I одд ПОУ Орешани
ТЕМА: Човекот и човековото тело
СОДРЖИНА: Грижа за здравјето- Прочистување на вода



II одд ПОУ Орешани
ТЕМА:Живите суштества и нивните живеалишта
СОДРЖИНА: Грижа за околината – Гасови



III одд ПОУ Орешани
ТЕМА: Промени на материјалите
СОДРЖИНА: Горење



IV одд ПОУ Орешани
ТЕМА: Физички карактеристики на Земјата
СОДРЖИНА: Временски услови и клима – Фаќач на дожд



V одд. ПОУ Орешани
ТЕМА: Живите организми и животната средина
СОДРЖИНА: Влијанието на човекот врз животната средина – Загадување



ЦОУ Предметна настава







И нашите ученици кои што се членови на Црвен крст се вклучија во акцијата Генералка викенд.Акцијата беше организирана од страна на Општина Зелениково, а учениците и наставниците Сања Кузмановска и Алексанадар Митровски заедно со градоначалникот и вработените од општината земаа активно учество во еко акцијата за чистење.


