Врз основа на член 108 став 1 алинеја 6 а во врска со член 109 и член 115 од Законот за основно образование (СЛ.Весник на РСМ бр.161/2019 и 229/2020 година) и Одлука за објавување на јавен оглас за избор на Директор на OOУ”Марко Цепенков” Зелениково од Градоначалникот на Општина Зелениково бр.08-458/1 од 01.09.2023 година, и  Одлуката на Училишниот Одбор бр.02-229/2 на 06.09.2023 година  објавува:

            ЈАВЕН ОГЛАС

                 За избор на Директор на ООУ”Марко Цепенков”-Зелениково

1.Кандидатите за директор на основно училиште покрај општите услови утврдени со закон треба да ги исполнат и следниве посебни услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија;да има најмалку високо образование и да ги исполнува условите за наставник или стручен соработник во основно образование;да има најмалку пет години работно искуство во воспитно -образовна работа; да има положен испит за директор за основно училиште;да е психофизички здрав и способен за работа;во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;да има соодветен сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) – најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 3 бода, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 20 бода или КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен, или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).Предност имаат кандидатите со звање ментор или советник.Доколку нема пријавено кандидат со положен испит за директор, за директор може да биде избрано и лице кое не положило испит за директор, но е должно истиот да го положи во рок од една година од денот на изборот за директор.

2.Кон пријавата кандидатите треба да приложат докази за исполнување на општите и посебните услови и тоа:

-пријава CV и мотивациско писмо;

-уверение за државјанство;

-диплома за завршено соодветно високо образование;

-потврда/доказ за работно искуство во воспитно-образовната дејност од установа верифицирана од Министерство за образование и наука,

-уверение за положен испит за директор;

-лекарско уверение (не постаро од шест месеци);

-уверение/потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;

-соодветен сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) – најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 3 бода, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 20 бода или КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен, или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2);

-програма за работа на училиштето за период од четири години.

3.Работното време на директорот изнесува 40 работни часа неделно  и тоа од понеделник до петок од 07 :30 до 15:30 часот.Основната нето плата се предвидува согласно мерилата и критериумите утврдени во Колективниот договор за основно образование и истата изнесува 37.970,00 денари месечно.Огласот трае 3 (три ) работни дена од денот на објавувањето во дневните весници.Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.Документите се доставуваат во оргинал или копии заверени на нотар.Пополнетата пријава заедно со документите за исполнување на условите барани во огласот  во затворен коверт со назнака “ЗА ОГЛАС ЗА ДИРЕКТОР”, да се достават во писмена форма до Училишниот Одбор, односно дирекно на  архивата на ООУ”Марко Цепенков” на ул.1 бр.6 Зелениково, во работни денови во период од 08 до 13 часот.

Некомплетните и ненавремените документи нема да се разгледуваат.

Изборот ќе го изврши Градоначалникот на Општина Зелениково.

Училишен Одбор при OОУ Марко Цепенков Зелениково

Претседател

Лорета Петрушевска