ОУ Марко Цепенков

На одалеченост од околу 25км. од градот Скопје се наоѓа општината Зелениково,која е сместена во северниот дел на Р.Македонија, поточно во крајниот југо – источен дел на Скопската котлина по средното течение на реката Вардар. Во оваа општина воспитно-образовната дејност се изведува во О.У.„Марко Цепенков“. О.У.„Марко Цепенков“-Зелениково е изградено во 1980година со средства од самопридонест на граѓаните.Воспитно-образовниот процес во овој крај започнува по повоениот период , поточно 1955 до Ivодд. а веќе во 1956 година и доVIIIодд. во тогашната училишна зграда каде денес е сместена амбулантата на општина Зелениково. Денес О.У.„Марко Цепенков“-Зелениково е современо деведгодишно основно училиште кое располага со 2. 960м2 училишен простор, во кој спаѓаат 12 училници, 5 кабинети, училишна библиотека, филскултурна сала, административни простории, чајна кујна и работилница за хаус-мајстор. Училиштето има уреден двор со зелена површина како и асфалтирано спортско игралиште. Централното основно училиште ги опфаќа учениците од Станица Зелениково, с.Зелениково ,с.Пакошево, с.Ново Село, а подоцна од VI одд. и учениците од с.Орешани, и с.Таор.Во составот на училиштето од оваа учебна година ќе работат седум Подрачни училишта сместени во околните населени места на одалеченост од 2,5 до 23км од Централното училиште. Подрачни училишта се: Страхојадица, Смесница,Гумалево,Дејковец,Тисовица, Вражале, во кои наставата се изведува на албански наставен јазик во комбинирани паралелки,додека во Подрачното училиште во с.Орешани наставатa се изведува само во одделенска настава на македонски наставен јазик.Оваа учебна година во ОУ.„Марко Цепенков“ наставата ќе ја посетуваат вкупно 299 ученика. Распоредени во 30 паралелка.
ОУ Марко Цепенков

,,Со нови чекори до нови повисоки цели”

РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНОСТ

Во изминатава година се одржаа голем број на отворени часови каде наставниците пред своите колеги, родители,директор и стручни соработници ја презентираа својата стручност и креативност во реализирањето на наставата.

Интегрирање на Еко стандардите и точките за одржлив развој во наставата

СТЕКНАТИ ИСКУСТВА

Ваквите одржани часови даваат можност за афирмирање на наставникот во својата професија , како и црпење идеи за останатите наставници.

Подигање на еко свеста кај учениците за зачувување и грижа на здрава и чиста средина

МАТЕРИЈАЛНО – ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ

Материјално-технички условиУчилиштето располага
Компјутери104
Дијапроектор1
Графоскоп2
ЦД-плеер2
Телевизор4
Видеорекордер2
Фотокопир1
Ласерски принтер8
Матичен печатар2
LCD1
 Лап топ181
Географски мапи11
Проекционо  платно1
Скенер2
Образовен робот1
Дигитален фотоапарат1