По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето во нашето училиште се реализираа низа активности. Членовите на Црвениот крст од предметна настава имаа предавање од страна на психологот Оливера Чевреска Петреска и одговорната наставничка Сања Кузмановска на тема “Ментално здравје“ и “Важноста на здравата храна и физичката активност за одржување на здравјето“. Првачињата со наставничката Дијана Дабеска изработија цртежи, а II одд со наставничката Елена Костовска и III одд со наставничата Весна Стојковска направија книги со слики и пораки со кои им ја искажаа благодарноста на здравствените работници кои се грижат за нашето здравје. Неколку ученици заедно со наставничаката Елена,книгите им ги подарија на здравствените работници од амбулантата во Зелениково.