Литературно читање по повод одбележување

21 февруари Меѓународен ден на мајчиниот јазик

На 21. 02. 2023 година во училишната библиотека при ОУ „Марко Цепенков“ Зелениково се одржа литературно читање по повод одбележување на празникот Меѓународен ден на мајчиниот јазик.

Литературното читање го организираа наставниците по македонски јазик: Горан Кошчицовски и Сања Соларова Андовска и библиотекарот Славка Буковска. На литературно читање учествуваа ученици од VI до IX одделение. Како гости беа поканети директорот и стручните служби во училиштето,  наставници. Директорот и стручните служби не беа во можност да присуствуваат поради интегрална самоевалуација.

Литературно читање течеше по веќе утврден редослед и започна со поздравен говор на наставничката по македонски јазик Сања Соларова Андовска со мал осврт за поводот на оваа наше дружење, односно одбележување на Меѓународен ден на мајчиниот јазик.

Ученичката  Лела Николовска од VIIа одд. имаше воведен дел и не запозна со општата ситуација со јазиците во светот ,   што е мајчин јазик и како треба да се однесуваме кон мајчиниот јазик. Потоа присутните ученици ги прочитаа своите литературни творби: Марија Ѓорѓиевска VIIа одд., Екатерина Илиевска VIIб одд., Сара Гегиќ VIIIа одд., Димитар Веловски VIIIа одд., Магдалена Николовска VIIа одд., Петар Петрушевски VIIа одд., Катерина Грујевска VIIIб одд., Лела Николовска VIIа одд. Литературните творби на ученикот Александар Димовски  IXб одд. поради учество во квизотека, ги читаа ученичките Арсиќ Теона VIIIа одд. и Јана Димковска VIб одд.

Откако учениците ги прочитаа литературните творби, разговаравме  за   нашиот македонски мајчин јазик, за трнливиот и тежок пат  што го минувал  во процесот на развитокот и осовременувањето низ историјата и кои  наши   учители, писатели и преродбеници имале огромен удел во тоа.

Литературно читање помина во една прекрасна атмосфера.

Можете да го погледнете целиот текст тука