На 04. 02. 2023 година се одбележува 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, нашиот голем национален херој, кој целиот свој живот се борел за слободата и независноста на Македонија и со крв ги цементира основите на македонската ослободителна борба.

Гоце Делчев е роден 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија а трагично загинува на 4 мај 1903 година.

Гоце Делчев е деец на Македонската револуционарна организација, тој е идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Освен тоа што бил револуционер, тој бил и голем тактичар и политичар кој кажал многу мудрости со кои ја предочил македонската идеологија и иднина.

По повод одбележување 151 година од раѓањето на Гоце Делчев ученици од нашето училиште изработија литературни и ликовни творби под менторството на наставниците по македонски јазик Горан Кошчицовски и Сања Соларова Андовска и библиотекарот Славка Буковска, кои ги изложивме на пано во холот на училиштето. На овој начин  дадовме еден мал придонес во чествувањето на ликот и делото на Гоце Делчев, првиот апостол на македонската револуција.