Врз основа на член  17 од Правилникот  за начинот на изведување на екскурзиите,излетите и другите вонучилишни активности бр.12-13487/1 од 19.11.2019година, од Министерството  за образование  и наука  на РСМ, ООУ,,Марко Цепенков “Зелениково  објавува:

                                                           О Г Л А С 01/2023

                                                   За прибирање на понуди

1.За   изведување на  екскурзиите,излетите и другите вонучилишни  активности во  ООУ,,Марко Цепенков“Зелениково, во  учебната  2023/2024  година, согласно Програмата  за екскурзиите,излетите и другите вонучилишни активности и тоа:

-еднодневна екскурзија за учениците во III  одделение-претпоставен број на ученици 41

-настава во природа  за учениците во V одделение-претпоставен број на ученици 29

-дводневна екскурзија за учениците  во VI  одделение- претпоставен број на ученици 35

– тродневна  екскурзија за учениците во IX одделение- претпоставен број на ученици 39

-еднодневен есенски  излет за учениците од I  до IX одделение- претпоставен број на ученици 291

– еднодневен пролетен излет за учениците од I  до IX одделение- претпоставен број на ученици 291

Критериум за доделување на договор е најниска цена. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена  ќе биде избрана  најповолната за родителите.

Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот со  докази за истите се

-да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Северна Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност;

-да е регистриран  намалку три години пред изведувањето на ексурзијата, излетите и другите вонучилишни активности,

-да има успешно реализизирано соодветна аражманска програма во Република Северена Македонија,

– да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот  на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.

-Се покануваат сите заинтересирани  понудувачи  да достават понуди  според  документација  што ја содржи програмата за изведување на екскурзиите ,излетите и другите вонучилишни активности на училиштето, која треба да се подигне во форма на тендерска документација со подетални услови во работен ден во периодот од  08:00 до 13:00 часот во училиштето.

Понудите потребно е да ги исполнуваат условите  пропишани во документација. Понудите се доставуваат во затворен плик дирекно во писмена форма на архивата на училиштето од 08 до 13 часот,со назнака НЕ ОТВАРАЈ  во горниот лев агол  на следната адреса  ООУ,,Марко Цепенков “Зелениково  ,со назнака за оглас 01/2023  за изведување на  екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности.

Понудата се доставува во оригинален примерок кој треба да биде потпишан и заверен од одговорно лице  на понудувачот и треба да биде во согласност со Правилникот  за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности од основните училишта бр.12-13487/1 од 19.11.2019 година.

Понудата е делива. 

По потпишување на договорот со директорот на училиштето,во рок од 5 дена  најповолниот понудувач ќе траба да достави банкарска гаранција од 05% од вкупната вредност на истиот. Заинтересираните субјекти можат да ја подигнат потребната документација од училиштето од 08 до 13 часот почнувајќи од 22.02.2023 година. Рокот за доставување на понудите е  5 работни дена од денот на објавувањето, односно до 10,00 часот на 29.09.2023 година.

Јавното отварање на понудите ќе биде во 10,00 часот на 29.09.2023 година Понуда која ќе пристигне подоцна ќе биде одбиена како неприфатлива.

Телефон 022717410

ООУ,,Марко Цепенков“Зелениково