Официјално пуштен во употреба просторот наменет за продолжен престој на учениците од прво до трето одделение во ЦОУ “Марко Цепенков”.
Денес бележиме голем успех во полето на образованието. После две години очекување на позитивен одговор – согласност, конечно со многу труд во нашето училиште се отвори дневен престој.

Се надеваме дека просторот во скоро ќе има потреба да биде прошируван и адаптиран за сместување на поголем број на ученици и дека ова навистина ќе биде олеснување за родителите, во полза и на идните генерации на родители.
Исто така, во оваа прилика официјално во употреба ја ставивме и сензорната соба која се наоѓа во склоп на просторот наменет за продолжен престој.