По повод Светскиот ден на менталното здравје, Општина Зелениково во соработка со ЦОУ “Марко Цепенков” одржа трибина посветена на тоа како мобингот (булингот) кај тинејџерите влијае врз психичкото здравје.
Воедно, испраќаме апел најпрво кон родителите, а потоа и кон наставниците будно да го следат развојот на децата-учениците бидејќи периодот до 7 години и периодот на пубертет е клучен за тоа во какви личности ќе израснат истите.
Спречете го булингот навремено, за да не се соочиме со последици.