На 14. 04. 2023 година (четврток) по повод големиот христијански празник Велигден, во ООУ „Марко Цепенков“ – Зелениково се одржа Велигденски хепенинг (продажен базар).

На хепенингот учествуваа ученици од I до V одд. од Зелениково, како и ученици од I до V одд. од подрачно училиште во Орешани.

На штандовите беа изложени разновидни креативни изработки направени од страна на учениците со помош на нивните наставници.

Во одбележување на празникот Велигден учествуваа и учениците, членови на библиотекарската и литературната секција со свои литературни и ликовни творби под менторството на наставниците по македонски јазик: Горан Кошчицовски и Сања Соларова Андовска, како и библиотекарот Славка Буковска. Нивните творби се изложени на паното во училишниот хол. Исто така паното го красеа и творбите на учениците од V-то одд. под менторството на нивната наставничка Весна Стојковска.

 

 

Изработила: библиотекар Славка Буковска