Почеток на школска година

Почеток  на новата  учебна 2025/2026 година
и
свечен прием на  првачиња

На 01.09.2025 (понеделник)  во нашето училиште повторно се слушна прекрасна мелодија проткаена од различните гласови на нашите ученици , повторно заживеа детската радост со насмевки и многу возбуда за првиот училишен ден.Со посебна свеченост го одбележавме почетокот на новата учебна 2025/2026 година и со отворени срца ги пречекавме нашите најмали ученици  – нашите првачиња.

Со топла и пријателска атмосфера , со музика ,песнички и насмевки им посакавме:

“ ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШНО СЕМЕЈСТВО”

А на останатите ученици им посакавме среќна и успешна нова учебна 2025/2026 година.