
Почеток на новата учебна 2025/2026 година
и
свечен прием на првачиња
На 01.09.2025 (понеделник) во нашето училиште повторно се слушна прекрасна мелодија проткаена од различните гласови на нашите ученици , повторно заживеа детската радост со насмевки и многу возбуда за првиот училишен ден.Со посебна свеченост го одбележавме почетокот на новата учебна 2025/2026 година и со отворени срца ги пречекавме нашите најмали ученици – нашите првачиња.
Со топла и пријателска атмосфера , со музика ,песнички и насмевки им посакавме:
“ ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШНО СЕМЕЈСТВО”
А на останатите ученици им посакавме среќна и успешна нова учебна 2025/2026 година.






