Меѓународен ден на постарите лица

По повод 1 Октомври – Меѓународен ден на постарите лица, учениците од училишниот клуб “ Црвен крст“ го посетија домот за стари лица „Панада“ каде имаа низа активности. Учениците читаа лични творби посветени на постарите лица, изведоа музички точки и ги запознаа присутните
со раѓањето на идејата за формирање на Црвениот крст.