Оваа недела ја посветивме на најубавото богатство – децата!
Со многу насмевки, креативни работилници, игри, песни и дружба, ја одбележавме Детската недела под мотото
“Детето денес – Иднината утре”
Секоја нивна насмевка не потсети дека детството е време што треба да се негува и почитува секој ден.
Со низа активности, работилници и дружења, учениците имаа можност да ја изразат својата креативност, радост и детска искреност.
Целта на оваа манифестација беше да се потсетиме на значењето на детето во семејството, училиштето и заедницата, како и да се поттикне развојот на хуманост, толеранција, пријателство и меѓусебна почит меѓу децата.
Во текот на неделата се реализираа разни активности:



















