Нашето училиште се вклучи во одбележувањето на неделата за борба против гладот која ја организира Црвен крст на РС Македонија ОО Кисела Вода. Имено во периодот од 16.10.2025 г. до 24.10.2025г. во централното училиште во с.Зелениково и во подрачното училиште во с. Орешани се спроведе собирна акција на храна. Наставниците, учениците и родителите ја покажаа својата хуманост на дело и оваа година се собра голема количина на храна. Дел од собраната храна на 4.11.2025г. беше донирана на социјално загрозени семејства на територијата на нашата општина, дел беше донирана во хуманитарната организација Св.Спас, а остатокот во магацинот на Црвен крст од каде потоа ќе биде донирана на социјално загрозени семејства на територијата на која делува ООЦК.




