Светски ден на среќата – 20 Март

По повод Светскиот ден на среќата во нашето училиште учениците од 3, 4 и 5 одделение заедно со педагогот и одделенските наставници Весна Стојковска, Наташа Л. Анчевска и Македонка Стојаноска од ЦУ во училишниот двор реализираа активности под наслов ,, НАСМЕВКА + УБАВ ЗБОР = СРЕЌА” . Со насмевки, другарување и убави зборови преку заедничка игра и креативни задачи, учениците покажаа дека среќата се создава преку пријателство, добрина и позитивни мисли. Учениците од 3 и 4 одделение на хартија ги пренесоа своите мисли и ставови за зборот среќа и на кој начин ја споделуваме, а додека учениците од 5 одделение самостојно твореа и заеднички ја создадоа песничката ,, Магијата на среќата ” и преку стихови ги пренесоа нивните мисли и емоции. Заедно создадоа среќни спомени и научија дека ние самите ја создаваме среќата.