По повод Светскиот ден на водата,
во нашето училиште педагогот заедно со одделенскиот наставник Дијана Кучиновска реализираа едукативно – креативна работилница наменета за учениците од 1 одделение од ЦУ , преку неа учениците се запознаа со значењето на водата како извор на живот. Следејќи ја приказната „Магичното патување на капката“, на илустративен начин учениците се запознаа со процесот на кружењето на водата. Преку забава и игра тие самите цртаа и боеја и презентираа на кој начин правилно ја користат водата. Учениците покажаа интерес за темата и активно учествуваа во активностите, тие сфатија на кој начин треба да ја негуваме и како да станеме чувари на водата.










